петок, 26 јули 2024

Возел со 2,1 промили алкохол во крвта

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од полноќ до 5 часот на територија санкционирани се 32 возачи од кои 22 во Битола, пет во Прилеп, четири во Ресен и еден во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.

Воедно, ноќеска во периодот од 21 до 2 часот на подрачјето на  Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 26 возачи. Од нив 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 9 возеле без возачка дозвола, а  1 мотоцикл бил нерегистриран.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од  МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ