сабота, 27 јули 2024

Возел со 103 километри на час низ Куманово

На подрачјето на Куманово викендов полицијата казни 195 возачи од кои 149 за брзо возење, а МВР сподели фотографија направена од полицискиот радар на која се гледа автомобил како вози со 103 километри на час низ градот.

Објавено на

часот

Сподели

„Од казнетите возачи, 149 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 25 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 7 за нерегистрирани возила. Меѓу санкционираните е и еден возач кој се движел со 103 км/ч во населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ