сабота, 27 јули 2024

Воздухот во Кичево не е опасно загаден, прекинати се заштитните мерки, тврдат од МЖСПП

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на 26 јануари 2024, среднодневните концентрации на ПМ10 честички биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 милиграми на метар кубен и епизодата со надминување на прагот на алармирање во Кичево е прекината.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање во Кичево, со што престануваат да важат заштитните мерки и препораки поради алармантно загадување воведени пред една недела.

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на 26 јануари 2024, среднодневните концентрации на ПМ10 честички биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 милиграми на метар кубен и епизодата со надминување на прагот на алармирање во Кичево е прекината“, информираа од МЖСПП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ