Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека е прекинат прагот на алармирање во Кичево, со што престануваат да важат заштитните мерки и препораки поради алармантно загадување воведени пред една недела.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на 26 јануари 2024, среднодневните концентрации на ПМ10 честички биле под дефинираниот праг на алармирање од 150 милиграми на метар кубен и епизодата со надминување на прагот на алармирање во Кичево е прекината“, информираа од МЖСПП.