сабота, 19 октомври 2024

Воздухопловните сили на САД добија наредба да ги прекинат летовите на 24 часа

Објавено на

часот

Сподели

Овој потег ќе ги приземји сите воени пилоти, освен оние кои учествуваат во критичните мисии, додека не ја завршат потребната обука, се вели во соопштението.

Тројца пилоти на американската војска загинаа во четвртокот на Алјаска, каде што се судрија два хеликоптери Апачи. Минатиот месец девет војници загинаа кога два хеликоптери „Блек Хок“ се урнаа за време на тренинг вежба во воздушниот простор над Кентаки.

За спроведување на оваа одлука, американското воздухопловство го има на располагање периодот од 1 до 5 мај, додека Националната гарда и резервниот персонал ќе можат да ја поминат потребната обука до 31 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ