Според формата Ливерпул важеше за голем фаворит во овој натпревар, но кога се игра ова дерби победникот не се знае без разлика на моменталната состојба на табелата.
Во првото полувреме немаше голови, но по седум минути во вториот дел Лисандро Мартинез постигна погодок за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
Предноста на гостите не траеше долго, Коди Гакпо во 59. минута даде гол за израмнување на 1-1.
Во 70. минута Мохамед Салах погоди од пенал за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.
На десет минути пред крајот Диало постигна погодок за конечен резултат од 2-2.