Полицијата го уапси возачот и, според првите информации, се работи за 50-годишен маж од Саудиска Арабија, кој на полицијата не ѝ бил познат како терорист. Според Шпигл, осомничениот живеел во Германија речиси две децении и ја симпатизирал екстремнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). Неговите објави на социјалните мрежи укажуваат на силни антиисламски ставови. Во своите нив тој го критикувал исламот и изразувал поддршка за АфД, како и за Илон Маск и за десничари како Томи Робинсон и теоретичарот на заговори Алекс Џонс.
Извор од Саудиска Арабија рекол за Ројтерс дека земјата ги предупредила германските власти за напаѓачот откако тој објавил екстремистички ставови на својот личен профил на Икс, кои биле закана за мирот и безбедноста.
Премиерот на сојузната покраина Саксонија-Анхалт Рајнер Хаселоф рече дека Саудиецот пристигнал во Германија во 2006 година и работел како лекар.
Медиумите јавуваат дека околу 19 часот возел цели 400 метри низ божиќниот пазар.
Возачот со својот автомобил влета во група луѓе на божиќниот пазар во Магдебург, во Саксонија-Анхалт, Германија. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 11 лица загинале, а спасувачките служби проценуваат дека од 60 до 80 се повредени.