сабота, 2 ноември 2024

Возач загина на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп

На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод -Прилеп,  на превојот Барбарос се случила сообраќајна несреќа.

Објавено на

часот

Сподели

Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки,  во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот. Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ