понеделник, 16 септември 2024

Возач тешко повреден откако со автомобил излета од патот

Триесет и осумгодишник е тешко повреден откако со возило излетал од пат кај Кадрифаково по полноќ. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 00.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип – Кадрифаково, на клучката Штип – Велес кон село Кадрифаково, патничко возило даеву ланос со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(38) од Штип излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ