„Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Никола Карев, товарно возило мерцедес атего со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н., на возраст од 41 година од главниот град, удрило во велосипед управуван од А.Т., на 68-годишна возраст од Скопје. На местото на несреќата, од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, појаснуваат од МВР.
Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.