сабота, 27 јули 2024

Возач со автомобил тешко повреди велосипедист на Средно Водно

Триесет и шестгодишен велосипедист е тешко повреден откако бил прегазен на пат на Средно Водно. Во него удрил возач со автомобил.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило хјундаи со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница 8 Септември во Скопје“, соопштија од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ