сабота, 27 јули 2024

Возач прегазил велосипедист и побегнал, но полицијата го најде

Вчера во 17.40 часот во полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар Маршал Тито во Струмица, 64-годишниот Г.Б. од село Василево, струмичко, управувајќи патничко возило рено меган со струмички регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од 40-годишниот З.П. од село Брајковци, валандовско, по што го напуштил местото“, извести МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„По преземени мерки, возачот и возилото биле пронајдени во 18.20 часот во село Василево и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ