сабота, 19 октомври 2024

Возач на мопед тешко повреден по судир со автомобил

Во СВР Скопје вчера во 15.40 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. Гоце Делчев и ул. Филип Втори Македонски во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило тојота корола со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(34) од село Сарај, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(38) од село Патишка река, општина Сопиште, скопско.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ