сабота, 19 октомври 2024

Возач на мопед и дете сопатник се тешко повредени во сообраќајка во Охрид

Ноќеска во 00:40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од ул.„Асном“ со ул.„Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди со охридски регистарски ознаки, управувано од К.М.(24) од Охрид и мопед априлија, управуван од Д.В.(18) од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило ауди со скопски регистарски ознаки.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ