сабота, 27 јули 2024

Возач на македонски автобус загинал во сообраќајка во Италија, има и повредени

Возач на автобус, македонски државјанин роден 1965 година загинал денеска во сообраќајна несреќа во Италија, а 12 патници, исто така македонски државјани, се полесно повредени, соопшти  Министерството за надворешни работи (МНР).

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

МНР било информирано од македонската Амбасада во Рим дека на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона во Италија се случила сообраќајна несреќа во која  учествувал автобус на туристичка агенција од Македонија, при што, како што се наведува „на самото место починал возачот на автобусот 65 годишниот Р. И. додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“.

„Министерството преку Амбасадата во Рим останува во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот“, информираше вечерва МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ