сабота, 27 јули 2024

Возач бегајќи, удрил полицаец

Полициски службеници синоќа испукале два куршуми во обид да спречат возач да избега. Тие, како што информира МВР,  сакале да ги легитимираат лицата во возилото, но откако се приближиле до него, возачот тргнал и удрил еден од нив.

 

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил околу 22 часот на подрачјето на Општина Чаир во Скопје.

„Полициски службеници од СВР Скопје се доближиле до патничко возило фолксваген пасат со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., за да извршат легитимирање на лицата во возилото. Притоа, возачот го стартувал возилото и удрил еден од полициските службеници, по што тие испукале два куршуми. Набргу, возилото застанало, а лицата го напуштиле местото“, наведува МВР во денешниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ