РЦУК – Велес известува дека станува збор за маж на возраст од 63 години.
„По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа“, наведуваат од РЦУК Велес.
Од страна на екипи на СВР Велес и јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.