сабота, 19 октомври 2024

Воз удри во автомобил во Прилеп, загина крушевчанец

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила во близина на железничката станица „Прилеп“, а била пријавена во полиција утрово околу 4 часот.

„На 1.5.2023 околу 4 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз што сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на улицата ’Трајко Николоски‘ со улицата ’Леце Котески‘ во Прилеп, во близина на железничката станица ’Прилеп‘ удрил во патничко моторно возило ’поло‘ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место“, соопштија од МВР.

Смртта на крушевчанецот ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и полицијата од Прилеп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ