Таа била прегазена од возот на релацијата Битола-Скопје, кој само што ја напуштил железничката станица во Прилеп.
Жената се наоѓала на пругата кога машиновозачот на возот ја забележал и почнал да кочи, но веќе било доцна.
Веднаш била повикана службата за итна помош, која само ја утврдила смртта на жената.
Жртвата сè уште не е идентификувана, но се претпоставува дека е на возраст меѓу 30 и 40 години.
Од службата за итна помош изјавија дека откако биле повикани, веднаш интервенирале и не знаат од кои причини возот ја прегазил, но според некои очевидци, најверојатно сама се качила и легнала на пругата.
Увид кај несреќата извршија претставници на прилепската полиција, обвинителството и истражен судија.