Од ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известуваат дека од 20:20 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Р1302 Берово – Струмица, поточно од село Двориште до Струмица.
Претходно, од Јавното претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известуваат дека од 18:15 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Делчево -Граничен премин Делчево. АМСМ известува дека автопатот Скопје-Велес од 17 часот е комплетно затворен поради одрони на патот, каде што се случила и сообраќајна незгода, а од 17:15 часот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
Претходно денеска забрана за тешки товарни возила беше воведена и на патните правци Крива Паланка граничен премин Деве Баир, Гостивар- крак Маврово- Маврово и Гостивар-Стража –Кичево.