понеделник, 28 октомври 2024

Воведена е забрана за тешки товарни возила  на патниот правец Делчево -Граничен премин Делчево

Од Јавното претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известуваат дека од 18:15 часот воведена е забрана за тешки товарни возила   на патниот правец Делчево -Граничен премин Делчево. АМСМ известува дека автопатот Скопје-Велес од 17 часот е комплетно затворен поради одрони на патот, каде што се случила и сообраќајна незгода, а од 17:15 часот, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈП јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта известуваат дека од 18:15 часот воведена е забрана за тешки товарни возила   на патниот правец Делчево -Граничен премин Делчево.

Претходно денеска забрана за тешки товарни возила беше воведена и на патните правци Крива Паланка граничен премин Деве Баир, Гостивар- крак Маврово- Маврово и Гостивар-Стража –Кичево. 

АМСМ известува дека автопатот Скопје-Велес од 17 часот е комплетно затворен поради одрони на патот, каде што се случила и сообраќајна незгода.

„Од 17 часот автопатот Скопје-Велес е комплетно затворен поради одрони на автопатот и поради одронот случена е сообраќајна незгода без повредени. Од 17:15, сообраќајот се одвива со пропуштање на возила“, пишува во известувањето на АМСМ. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ