сабота, 27 јули 2024

Воведен викенд автобуски превоз Тетово – Шапка – Тетово (ВИДЕО)

Од денеска започна да функционира градски автобуски превоз од Тетово до Шапка и обратно, а повратен билет чини  200 денари. Засега превоз ќе има во саботите и неделите по четири пати на ден, а Општина Тетово ќе настојува тоа да биде и редовен превоз.

Објавено на

часот

Сподели

Општина Тетово и јавното претпријатие Тетово транспорт денеска официјално ја пуштија во употреба воспоставената автобуска линија Тетово-Попова Шапка-Тетово.

Градоначалникот Биљал Касами со повеќе соработници од јавните претпријатија и администрацијата со претставници на медиумите исто така патуваа од Тетово до Попова Шапка и назад со автобусите од градскиот превоз.

Градоначалникот Касами рече дека се прават вложувања со цел да се придонесе Попова Шапка освен национален да биде и регионален туристички центар.

„Ја промовираме автобуската линија и со ова цениме дека ќе придонесеме за развој на овој туристички центар. Тоа е во склоп на нашиот интерес и нашата програма за развој на туристичкиот центар, со оглед дека сакаме да инвестираме за отворање на нов пристапен пат околу 4 километри со што ќе се подобри инфраструктурата, исто така во делот на инфраструктурата, се инвестира во асфалтирање во патот во рамките на викенд куќите и населбата, исто при крај сме со носење на нов ДУП за Попова Шапка. Со сите овие инвестиции сакаме Попова Шапка да биде регионален туристички центар и за зимскиот туризам, за љубителите на скијањето но и за летниот туризам и за сите тие кои сакаат да ги посетат овие убавини на Шар Планина“, истакна Касами.

 

Според податокот на Општина Тетово до 15 часот денес интересот е голем на граѓаните за користење на овој јавен превоз и дека над 200 патници ја искористиле можноста.

„Линијата ќе биде само за викенд, сабота и недела. За понатаму во план е истата да се користи и во останатиот период“, изјави Арбер Ајдини, директор на ЈП „Тетово транспорт“.

Во текот на денот, ќе има четири термини од Тетово до скијачкиот центар и назад, а повратен биле чини 200 денари. Од Тетово кон Попова Шапка автобуси ќе тргнуваат во 8.30, 11, 14 и 17 часот со почетна точна – во близина на поранешната појдовна станица на жичарницата од градот до скијачкиот центар. За враќање од Попова Шапка кон Тетово предвидени се термините 9.30, 12.30, 15.30 и 18.30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ