понеделник, 21 октомври 2024

Воткинс е џокерот од клупа, со гол во 91. минута ја однесе Англија во финале (ВИДЕО)

Англија се пласираше во финале на Европското првенство, популарните „три-лава“ вечерва ја совладаа Холандија со 1-2 во Дортмунд.

Објавено на

часот

Сподели

Англија ќе ја предизвика Шпанија за насловот шампион на Европа, избраниците на Саутгејт се пласираа во финале со триумф над Холандија од 1-2.

Натпреварот почна одлично за „лалињата“, Симонс прекрасно погоди од далечина за 1-0 во 7. минута.

„Трите лава“ сепак брзо се вратија, добија пелан со помош на ВАР, а Кејн од белата точка изедначи на 1-1 во 18. минута.

Ова донесе доста трчање и борба на теренот, Дамфрис потоа на гол линијата го спречи Фоден, а на спротивната страна, десниот бек на Холандија можеше и да се прослави, но само ја погоди пречката по еден корнер.

Фоден одново се закани по голот на Вербуген, но овој пат стативата му спречи радост.

Во продолжението од мечот, двете репрезентации играа попретпазливо, па немаше многу шанси.

Ван Дајк се закани по еден прекин, а Сака успеа да ја затресе мрежата на додавање на Вокер, но голот беше поништен поради офсајд.

И кога се чекаа продолженија, Воткинс доби една топка во шеснаесетникот, се намести на шут и прецизно биеше по земја за 1-2 и огромна радост на Англија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ