среда, 1 јануари 2025

Воска отпушти дури девет фудбалери

Воска Спорт потврди дека ги раскинала договорите со девет фудбалери, охридскиот клуб прави вистински ремонт.

Објавено на

часот

Сподели

„Воска Спорт соопштува дека ја прекина соработката со девет играчи: Муамет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоскин. Клубот им се заблагодарува на овие фудбалери кои беа дел од овој специфичен период и им посакува успех и здравје во следните авантури“, стои во соопштението на Воска.

По 18 одиграни кола во ПМФЛ, Воска е на последното место на табелата со 12 бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ