Воска и Македонија Ѓорче Петров одиграа рамноправен дуел во кој домаќините имаа еден блесок од две минути и благодарение на тоа обезбедија солидна предност пред реваншот.
Георгиев беше херојот на Воска, тој во 38. минута асистираше до Бајрами кој погоди со глава за 1-0, а две минути подоцна самиот Георгиев постигна гол за конечни 2-0.
Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров пропушти неколку шанси да постигне гол, а лесно можеше и Воска да казни и да дојде до поубедлива предност.
Реваншот е за две недели на стадионот во Ѓорче Петров.