Вчера се играа дуелите Струга – Воска и Силекс – Вардар, мечеви кои претходно беа одложени поради снегот.
Судиската анализа за овие два меча вели дека судијата Игор Стојчевски драстично ја оштетил Воска на гостувањето во Струга и му подарил победа на домаќинот.
Воска во 96. минута не добила чист пенал, а во следната минута била досудена најстрога казна за Струга иако немало прекршок за такво нешто. Токму од тој пенал домаќините го добија мечот со 1-0.
90+6 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За недосуден пенал за гостинската екипа, при резултат 0:0)
Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч пред линијата на 16-сетникот на домашната екипа, играчот на гостите се загради на коректен начин со телото и противничкиот играч кој беше до него се одби од телото и падна, но при паѓањето домашниот играч во својот 16-сетник направи невнимателен и недозволен старт на нозете на играчот на гостинската екипа.
Погрешна одлука на главниот судија што досуди слободен удар за домашната екипа бидејки градењето со тело на гостинскиот играч беше коректно и без недозволено движење од негова страна, во оваа ситуација главниот судија требаше да досуди пенал за гостинската екипа поради невнимателен и недозволен старт на домашниот играч над противничкиот играч.
90+7 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (За досуден пенал за домашната екипа, при резултат 0:0)
На една топка во 16-сетникот на гостинската екипа која не беше во ничив посед стартуваа два противнички играчи, играчот на домашната екипа прв со глава ја удри топката и дојде до минимален контакт со телото на противнички играч, топката се одби и дојде до друг играч од домашната екипа кој пред себе имаше противнички играч и кога сакаше да го помине играчот, дојде до минимален контакт (не прави движење) со ногата на гостинскиот играч и играчот на домакините падна.
Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки и во двете ситуации контактите беа минимални и недоволни за да се досуди пенал.
Целосната фудбалска анализа можете да ја видите на овој ЛИНК.