Фудбалерите на ПСЖ често се мета на крадци, последен кој настрада е третиот голман Александар Летеље.
Како што пренесуваат медиумите, утрово околу 2 часот, вооружени разбојници упаднале во неговиот дом. Со нож се заканиле по неговиот живот и животот на најблиските и барале да им бидат предадени наќит и пари.
Во еден момент, сопругата на голманот била удрена со тупаница во глава, и тоа додека таа во рацете го држела своето двегодишно дете.
За среќа полицијата брзо интервенирала, па биле фатени тројца од четворицата разбојници, двајца од нив биле малолетни лица.