понеделник, 21 октомври 2024

Вооружени напаѓачи убија повеќе од 20 луѓе на автопат во Пакистан

Вооружени напаѓачи убиле 23 патници откако ги извлекле од автобуси, автомобили и камиони на автопат во југозападен Пакистан, соопштија утринава полицијата и владини претставници.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Убиствата се случиле во текот на ноќта во провинцијата Белучистан, изјави висок полициски функционер Ајуб Ачакзаи, како што пренесе АП.

Напаѓачите запалиле најмалку 10 возила пред да побегнат.

Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и министерот за внатрешни работи Мохсин Накви го нарекоа нападот „варварски“ и ветија дека одговорните ќе бидат казнети.

Нападот се случи неколку часа откако забранетата сепаратистичка група Ослободителна војска на Балуџи ги предупреди луѓето да избегнуваат автопати.

Групата не ја презеде веднаш одговорноста за денешниот напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ