сабота, 27 јули 2024

Вооружена жена упадна во германска болница, застрелана по повеќечасовна опсада (ВИДЕО)

Шеесет и петгодишна вооружена жена доцна синоќа упадна во болницата Луизенхоспитал во Ахен, Германија, по што следеше повеќечасовна полициска опсада. На крај жената беше тешко ранета и на носилки изнесена од зградата. Полицијата соопшти дека никој друг во болницата не е повреден.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи не реагираше кога ѝ пријде полицијата, полицајците употребија огнено оружје за да ја прекинат опасната ситуација“, се вели во полициското соопштение. Полицијата испратила специјалци на местото на настанот откако 65-годишната жена, која била од блискиот град Ешвајлер, влегла во болницата во понеделникот попладне со пиштол и со нешто што изгледало како експлозив.

Откако влегла во болницата, им се заканувала на вработените во ординацијата за физиотерапија во рамките на во болницата и се забарикадирала во една од собите, информираат од полицијата. Подоцна во областа е откриен чад. Весникот Билд објави дека жената поставила пиротехнички средства во болницата.

Полицијата, пожарникарите и претставниците на болницата одбија да ги коментираат овие наводи. Болницата, во која има речиси 400 пациенти и 1.600 вработени, беше евакуирана, како и околината.

Полицијата денеска објави извештај во кој се претпоставува дека 65-годишната жена имала самоубиствени намери. Според полицијата, таа наводно влегла во клиниката околу 17 часот со пиштол, за кој подоцна било утврдено дека е празен. Откако една вработена успеала да ѝ го земе оружјето, жената се забарикадирала во болничката соба и фрлила пиротехничко средство во ходникот во близина на операционата сала.

Околу 22:38 часот, таа ја напуштила просторијата со појас со експлозив. Се стрчала кон полицајците со, како што соопшти полицијата, сомнителен предмет. Како што дознава Билд, 65-годишната жена наводно го запалила својот стан во Ешвајлер. Инспекторите го пронашле писмото што таа наводно го оставила и откриле дека појасот со експлозив бил лажен.

Теренот и улицата на клиниката вчера од доцна попладне беа опколени од силни полициски сили, а над областа кружеше хеликоптер. На местото на настанот пристигна и пиротехничка единица, а очевидци рекле дека луѓето „избезумено бегале од зградата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ