Во близина на објектот има голем број полицајци кои го обезбедуваат и не им дозволуваат на граѓаните да се приближат на помалку од 300 метри.
Полицијата детално ја пребарува целата област, а спасувачите ги расчистуваат урнатините.
Истражители, криминолози и експерти, заедно со оперативни единици на министерството за внатрешни работи и Федералната служба за безбедност, вршат увид на лице место.
Материјалните докази, вклучувајќи го оружјето и муницијата, се собираат од местото на злосторството и се спроведуваат генетски, балистички и останати прегледи, како и собирање отпечатоци од прсти.
Голем број жители на Москва од утринава стојат во редици за да дадат крв за повредените на нападот, а низ Москва се поставени билборди на кои пишува „Скорбим“ (Тагуваме).
Сите јавни настани во Русија се откажани.