сабота, 27 јули 2024

Вонредна седница на Советот на Град Скопје за случувањата со ЈСП

По информациите дека за утре сите автобуси ќе бидат паркирани или во гаражите на Јавното сообраќајно претпријатие или на главните улици во Скопје, веднаш беше закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП. Веднаш по почетокот на седницата координаторката на советничката група на СДСМ Љубица Јанчева побара пауза од половина час.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Советот Трајко Славески првично побара да се изгласа дневниот ред на вонредната седница, па да се даде пауза, но на инсистирање на координаторката на советничката група на СДСМ веднаш даде пауза од половина час.

Претходно советниците од ВМРО-ДПМНЕ имаа забелешка зошто на седницата не се присутни советниците од СДСМ кои побараа да се свика вонредната седница.

Ова е втора вонредна седница на Советот на Град Скопје што е свикана денеска, откако претпладнево не беше донесена одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра со што ќе се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои изутрина од 9 часот прекинаа со работа и нема јавен градски превоз во Скопје. Одлуката не помина за еден глас, односно не беа доволни 22 гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.

Вработените во ЈСП организирани од синдикатот од претпладнето се пред просториите на Град Скопје чекајќи исход за одлуката за субвенционирање. Синдикатот веќе најави дека без позитивен исход нема да продолжи јавниот градски превоз кој денеска функционираше само до 9 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ