петок, 18 октомври 2024

Вонреден надзор во болницата каде почина бебе, од МЗ тврдат дека родилката немала забелешки за породувањето

Објавено на

часот

Сподели

„Според информативниот допис од Ккиничката болница во Битола, кој стигна до Министерството за здравство, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до седмиот месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Првпат, како што се посочува во соопштението, родилката се јавила на матичен гинеколог во 29 недела, на инсистирање на членови на нејзиното семејство, и втор пат во 36-та недела на приватен матичен гинеколог.

„Родилката била препратена во Клиничка болница Битола заради вишок плодова вода при бременост (полихидрамниja – состоба која укажува на компликации кај плодот). Во текот на вчерашниот ден бил извршен царски рез кај пациентката, плодот е роден мртов без срцева акција. Оваa бременост е четврта кај родилката, а и третата бременост завршила со ист исход. Родилката во моментот е на лекување во Клиничка болница Битола, таа е во општа добра состојба и изіавува дека нема забелешки во врска со породувањето и лекарскиот третман“, се додава во соопштението од Министерството за здравство. 

Вчера родилка со неконтролирана бременост, во Клиничката болница Битола роди мртво бебе, два месеца по враќањето од Германија во Битола. 

Според директорката на битолската клиничка болница Елизабета Ивановска, станува збор за несреќен случај во кој мајката и претходно имала породување со мртво бебе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ