понеделник, 16 септември 2024

Волстрит џурнал: Вашингтон тврди дека Русите од Иран добиле балистички ракети

Иран ѝ испратил неколку стотици балистички ракети на Русија, пишува Волстрит џурнал повикувајќи се на американски дипломатски извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неименуван американски дипломати потврдил дека „проектилите се испорачани“. Испораката наводно вклучува неколку стотици балистички ракети со краток дострел. Американските власти претходно тврдеа дека Русија од Иран набавила дронови, како и оружје и муниција од Северна Кореја.

Балистичките проектили обично летаат значително побрзо од крстосувачките ракети и дроновите, па потешко е да се пресретнат и уништат. Покрај тоа, можат да носат значително поголем товар, односно да предизвикаат значително поголемо уништување.

Руските преговори за набавка на балистички проектили со краток дострел од Иран почнале уште во септември минатата година, кога тогашниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу отпатува во Иран за да ги види балистичките ракети „абабил“.

Веста за наводната испорака на балистичките проектили доаѓа во момент кога Русија ги интензивира нападите со ракети и дронови на украинските градови, а Киев се подготвува за големи руски напади на енергетската инфраструктура оваа зима.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ