Двајцата разговараа за тоа како Маск, кој раководи со платформата Икс, Спејсекс и Тесла, ќе има „формален придонес и влијание“ врз економските и граничните безбедносни политики, објави ВСЏ.
Се вели дека Маск го информирал Трамп дека води кампања за да ги убеди моќните американски бизнис лидери да не го поддржуваат демократскиот претседател Џо Бајден, кој го победи Трамп на изборите во 2020 година и бара втор мандат.
Според ВСЏ, Трамп и Маск разговарале и за финансирање на „проект за спречување на изборни измами“.
Претставниците на Трамп и Маск не одговорија веднаш на барањата за коментар, ниту пак претставниците на кампањата на Бајден.
Портпаролот на кампањата на Трамп Брајан Хјуз изјави за ВСЏ дека само Трамп ќе одлучи „каква улога ќе има одреден поединец во неговото претседателствување“.
Маск во последните години се повеќе ги поддржува републиканците.