понеделник, 21 октомври 2024

Волстрит џурнал: Сè повеќе Украинци сакаат преговори

Сè поголем број Украинци сакаат Киев да најде дипломатско решение за конфликтот со Москва, пишува Волстрит џурнал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот весник признава дека „некои Украинци го поставуваат прашањето кое до неодамна беше табу: Дали е време да се обидеме да преговараме?“

Во написот се наведува дека истражувањата на јавното мислење покажуваат дека поддршката во преговорите со Русија во Украина расте од неуспехот на летната контраофанзива на Киев.

Иако тврди дека повеќето Украинци сакаат нивната земја да продолжи со конфликтот и да се обиде да ги врати териториите, Волстрит цурнал не наведува точни бројки.

Од друга страна, анкетата која на почетокот на август ја објави Киевскиот меѓународен институт за социологија (КИИС) покажа дека 57 отсто од Украинците сакаат дијалогот со Русија да почне.

Групата која е најскептична во поглед на мировен договор со Русија е украинската војска, а едно неодамнешно истражување покажа дека само 18 отсто од активните војници и ветерани се за преговори, наведува американскиот весник. Според истата анкета, 15 отсто од војниците и ветераните кажале дека ќе се придружат на оружен протест ако Киев потпише неповолен договор со Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во американската воена база Рамштајн во Германија сугерираше дека конфликтот во Украина треба да се заврши „оваа есен“. За тоа да се случи, оцени Зеленски, НАТО треба да продолжи да го вооружува Киев и да ги засили притисоците на Москва за да се согласи на неговиот таканаречен мировен план, во кој се бара повлекување на руските сили од сите територии во Украина, вклучувајќи го Крим, плаќање воена отштета на Киев и судење на руските државници на воени трибунали.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела повтори дека Москва „никогаш не одбила“ преговори со Киев, но истакна дека тие треба да се одвиваат „не врз основа на некои нереални барања, туку врз основа на документите кои беа договорени во Истанбул“ на крајот на март 2022, кога Москва и Киев последен пат седнаа на преговарачка маса.

Москва бара Украина да прогласи воена неутралност, да ги ограничи своите оружени сили и да вети дека нема да ги дискриминира етничките Руси, за што Русија би се придружила во пружањето безбедносни гаранции на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ