среда, 29 мај 2024

Волонтери собраа два камиони ѓубре кај Аквадуктот – „Од депонија стана рај“ (ФОТО)

Млади ентузијасти порачаа: „Не барајте луѓе за пример, бидете пример“ и заминаа кај скопскиот Аквадукт, место кое треба да е туристичка атракција, но со години е претворено во простор со многу ѓубре, а самиот вековен Аквадукт пропаѓа од негрижа. По акцијата, на која им се придружија од скопски комуналец за да го однесат ѓубрето, рекоа дека просторот „од депонија стана рај“.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

„Се наполнија не еден, туку два камиона до горе со сѐ и сешто – од ситно ѓубре, како пластични шишиња, до огромни и тешки гуми, теписи, ВЦ-школки и разни други чудни ствари. Благодарност до Лабораториум за иницијативата, одличната соработка и организација. Да се собираме пак за убави работи!
Едно браво и до дечките од КХС кои се враќаа и за втора тура полнење на камионот!
Да повториме, не чистиме само за да биде почисто, туку за да инспирираме и мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за нивната околина и да бидат активни во нејзиното сочувување.
Не барајте човек за пример. Бидете примерот!“, објави еко – движењето За почиста Македонија.
Акцијата беше спроведена во понеделникот. Останува  да се види колку долго просторот останал чист.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ