Веќе некое време се зборува за спектакуларна УФЦ битка меѓу двајцата богаташи Марк Цукенберг и Елон Маск.
Цукенберг одамна тренира боречки спортови, голем фан е на УФЦ, еднаш дури закупи цел настан за само тој да го гледа.
Изминатиот викенд Александар Волкановски на импресивен начин го нокаутираше Јаир Родригез, а брзо потоа Цукенберг реши да одржи тренинг со македонскиот борец.
Газдата на Фејсбук и Инстаграм тренираше со Волкановски и Адесања, двајца од најголемите борци во УФЦ, на Цукенберг му е јасно дека тоа ќе му донесе голем напредок во формата пред евентуалната битка со Елон Маск кој исто така тренира перидов.