недела, 16 март 2025

Волц не исклучува употреба на сила против Иран

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц, денеска изјави дека не исклучува употреба на сила против Иран, како поради неговата поддршка за јеменските Хути, така и поради потенцијалниот развој на нуклеарно оружје.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој за телевизијата Еј-би-си изјави дека сите опции се секогаш на маса со американскиот претседател и дека Иран треба јасно и гласно да ја слушне неговата порака.

Коментарите на Волц дојдоа откако САД започнаа напад врз Јемен и бунтовниците Хути, кои го попречуваат поморскиот сообраќај на Црвеното Море и се обидуваат да извршат напади врз Израел, според Политико.

Иранскиот генерал Хосеин Салами денеска негираше дека Техеран ги поддржува Хутите, но нагласи дека неговата земја ќе испрати решителен и разорен одговор на секоја закана.

Волц ги опиша најновите американски напади врз Хутите како убедлив одговор, за разлика од бледите акции на администрацијата на поранешниот претседател Бајден.

„Првата цел овде е да се нападне раководството на Хутите, а потоа да се бара одговорност од Иран“, изјави американскиот функционер, додавајќи дека Техеран ги финансирал, снабдувал и обучувал Хутите не само да ги напаѓаат американските воени бродови, туку и да ја нападнат глобалната трговија и да им помогнат да затворат два од стратегиски најважните поморски патишта во светот.

Волц, исто така, додаде дека администрацијата на Трамп нема да дозволи иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи да го држи прстот на нуклеарното чкрапало.

Според Волц, сите опции се на маса за да се обезбеди дека Иран нема да добие нуклеарно оружје, вклучувајќи ги сите аспекти на иранската програма.

„Иран може или да се откаже од таа програма и да ја предаде на проверлив начин, или може да се соочи со цела низа последици“, заклучи Волц.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ