недела, 12 јануари 2025

Вокер побарал да го напушти Манчестер Сити, веќе преговара со еден клуб

Пеп Гвардиола откри дека Кајл Вокер побарал да го напушти Манчестер Сити, медиумите шпекулираат дека десниот бек веќе преговара со Милан за преселба на „Сан Сиро“.

Објавено на

часот

Сподели

Деновите на Кајл Вокер во Манчестер Сити се одбројани, капитенот побарал да замине и „граѓаните“ овој пат нема да му прават проблеми.

„Пред два дена, Вокер побара да истражи други опции и да се испроба во странство пред крајот на кариерата“ – откри Пеп Гвардиола по синоќешната победа од 8-0 над Салфорд.

„Пред две години, кога ја освоивме тројната круна, исто така побара да замине. Баерн Минхен тогаш пројави интерес, но понудата не беше доволно добра и на крајот успеавме да го убедиме да остане“.

„Искрено не знам што ќе се случи сега, но тој на ум има нова авантура во странство“.

Како што пренесуваат медиумите, Кајл Вокер веќе преговара со Милан и десниот бек разговарал со Златан Ибрахимовиќ за проектот на „росонерите“.

Во минатото, Англичанецот често се поврзуваше и со преселба во Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ