сабота, 21 декември 2024

Војуваат фракции на мексиканскиот картел Синалоа, во еден месец убиени 192 лица, а 226 се водат за исчезнати

Најмалку 192 лица се убиени во бранот насилства што започна минатиот месец меѓу нарко бандите во северозападната мексиканска држава Синалоа, соопшти државниот Совет за јавна безбедност, пренесува агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Советот објави дека од 9 септември досега се пријавени речиси 200 убиства и 226 исчезнувања. Околу 200 семејства избегале од насилството, 180 бизниси се затворени и 2.000 работни места се изгубени поради вооружениот конфликт меѓу водечките фракции на картелот Синалоа.

Во Мексико беснее безмилосна војна во најнасилниот картел во земјата. По апсењето на 25 јули на озлогласениот нарко бос и ко-основач на картелот Синалоа, Исмаел „Ел Мајо“ Замбада, дојде до насилна промена во динамиката на моќта на картелот основан од Замбада и Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, кој служи доживотен затвор во американски затвор.

Војната меѓу фракциите на картелот Синалоа се прошири и во другите северни погранични држави во Мексико, каде што групите предводени од синовите на Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, односно синот на Исмаел „Ел Мајо“ Замбада, претходно ја делеа работата на шверц на синтетичка дрога во САД.

Борбата меѓу двете групи донесе хаос во бизнисот со трговија со дрога во земјата и прошири паника меѓу населението, кое стравува од нови конфликти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ