сабота, 27 јули 2024

Војници на НАТО во полна борбена опрема чуваат зграда на Косово од неколку српски демонстранти (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вчера војниците на Кфор фрлаа солзавец и шок бомби на српските демонстранти во Звечан, а граѓаните возвратија со камења и шишиња. Силите на НАТО на Косово, познати како Кфор, соопштија дека 30 војници се повредени во судирите.

Во другиот град со српскиот мнозинство, Лепосавиќ, градоначалникот Албанец, избран на спорните избори кои Србите ги бојкотираа, не можел да ја напушти општинската зграда подолго од 24 часа поради протестите пред неговиот кабинет, јавија албанските медиуми.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жосеп Борел го осуди синоќа насилството „најостро можно“. „Апсолутно се неприфатливи насилните дејства извршени против силите на Кфор, медиумите, цивилите и полицијата“, напиша тој на Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ