сабота, 27 јули 2024

Војдан Стојановски оди во Доњецк

Објавено на

часот

Сподели

Останува во Украина, но во многу подобар тим: Војдан Стојановски

Талентираниот бек, сепак, нема да ја напушти Украина. Според истите извори, Војдан веќе се договорил со тимот на Доњецк, каде што се очекува уште денеска да продолжи со тренинзите.

За репрезентативецот ова ќе биде чекор напред во неговата кариера со оглед на тоа што Доњецк е една од најдобрите украински екипи, која во моментов е во израмнета битка со Будевелник на лидерската позиција на табелата, додека Черкаси е просечен тим кого го очекува битка за опстанок.

Главна причина што управата на Доњецк се реши да го ангажира македонскиот интернационалец беше неговата одлична игра во досегашниот дел од сезоната. Стојановски настапи на 20 средби за „мајмуните“ од Черкаси со просек од 14,7 поени, 4,4 скока и 2,6 асистенции.

Матичен клуб на еден од тројцата браќа Стојановски е малиот тим на Вебо, а меѓу другите има играно уште и за екипите на Талент Анд 1, Вардар, Амак-СП и Фени индустри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ