сабота, 27 јули 2024

Војдан Стојановски и официјално во Доњецк

Објавено на

часот

Сподели

Според украинските медиуми, Војдан потпишал договор до крајот на сезоната со можност да биде продолжен за уште една сезона ако двете страни се согласат на тоа. Трансферот на еден од тројцата браќа Стојановски (тука се и неговиот брат-близнак Дамјан, кој игра за бугарски Лукоил, и најстариот Огнен, член на МЗТ) предизвика голем интерес во украинските медиуми, кои се натпреваруваа кој прв ќе ја објави веста за неговиот нов ангажман во Доњецк.

Војдан веќе се сместил во својот нов стан во Доњецк, кој се наоѓа во источниот дел на Украина, и го одработел првиот тренинг со своите нови клупски колеги. Градот има околу еден милион жители и е петти по големина во оваа некогашна советска република.

Македонскиот репрезентативец во новата средина е доведен по инсистирање на српскиот тренер Саша Обрадовиќ, кој бил одушевен од неговите игри на ланското Европско првенство (ЕП) во Литванија, но и од неговите настапи во првиот дел од шампионатот во дресот на „мајмуните“ од Черкаси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ