среда, 23 октомври 2024

Воениот рок во Хрватска ќе трае два месеци, нема штедење за оружените сили

Потпретседателот на владата на Хрватска и министер за одбрана Иван Анушиќ изјави дека воениот рок, кој во таа земја се враќа како обврска од 1 јануари следната година, ќе трае два месеци, а за финансирањето кажа дека безбедноста не дозволува штедење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Воениот рок ќе трае два месеци, почнува од 1 јануари 2025 и сè за што комунициравме со јавноста продолжуваме да го правиме. Ги зголемивме платите на војниците, подофицерите и офицерите, нивните материјални права, не само преку личниот доход туку и преку дневниците и сè на што имаат право“, кажа Анушиќ.

Хрватска во 2008 привремено го суспендираше задолжителното служење на воениот рок и од тогаш е доброволно.

Меѓутоа, по петокот на конфликтот во Украина и сè посериозната воено-политичка ситуација, како што се наведува, Хрватска почна да размислува за враќање на задолжителното служење на воениот рок.

На темата ребаланс на државниот буџет, Анушиќ објасни дека ги опремуваат и модернизираат оружените сили, ги формираат како што се очекува и како што е договорено со сојузниците во НАТО.

„Мислам дека сега ќе имаме многу подобра, посилна и поквалитетна слика на оружените сили отколку до сега. Со министерот за финансии разговаравме и дојдовме до заклучок дека во модернизацијата и опремувањето на оружените сили нема простор за штедење. Тоа е ставот на владата и политиката, бидејќи околностите во кои се наоѓаме не дозволуваат штедење на безбедноста“, заклучи Анушиќ, а пренесува Јутарњи лист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ