сабота, 27 јули 2024

Воен портпарол: На израелска територија пронајдени 1.500 тела на екстремисти од Хамас

Портпаролот на израелската војска Ричард Хехт изјави дека 1.500 тела на екстремисти од Хамас биле пронајдени на израелска територија откако армијата ја вратила контролата врз поголемиот дел од југот на земјата.

Објавено на

часот

Сподели

Хехт и главниот воен портпарол Даниел Хагари изјавија дека од понеделникот вечерта, ниту еден борец на Хамас не влегол во Израел, иако тоа е сѐ уште можно.

Израелските воздушни напади синоќа во знак на одмазда за ненадејниот напад на Хамас во саботата наутро, се концентрираа на населбата Римал во градот Газа, каде што се наоѓаат министерствата и владините згради.

Жителите беа предупредени да се евакуираат пред нападот преку социјалните мрежи, рече Хехт, без да даде дополнителни детали.

Тој навести дека Палестинците можат да заминат преку граничниот премин Рафа кон Египет, но не објасни каде ќе одат и како, бидејќи преминот повремено е затворен, пренесе АП.

Појасот Газа е под блокада од Израел и Египет откако Хамас насилно ја презеде контролата врз територијата од ривалскиот, поумерен Фатах.

Израел вчера најави целосна опсада на Појасот Газа и дека нема да има снабдување со струја, ниту испорака на храна и гориво за таа мала енклава во која живеат 2,3 милиони жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ