сабота, 27 јули 2024

Воен авион присилно слета во Турција, обајвена е драматична снимка (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денес се појави снимка од драматично слетување на турски воен транспортен авион Ц-160. Турскиот новинар Рагип Сојлу на мрежата Икс објави дека авионот бил принуден итно да слета поради дефект.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува Сојлу, дефектот се случил непосредно по полетувањето во градот Кајсери во централна Турција, југоисточно од главниот град Анкара. На снимката се гледа како транспортниот авион лета ниско, над улица со сообраќај.

Турското министерство за одбрана накнадно објави дека авионот бил полесно оштетен при присилното слетување и останал целосен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ