понеделник, 20 мај 2024

Водството на Сиљановска Давкова е резултат на обединувањето на опозицијата, сметаат од Македонски концепт

Колку што беше важна победата на кандидатката Гордана Сиљановска Давкова во првиот круг, толку е важна одлуката на кандидатот Стево Пендаровски да го истрча и вториот круг и да не ги бојкотира претседателските избори. Бојкот никогаш не бил решение, ниту на референдуми, ниту на попис на население, ниту пак на избори. Мора да се почитува волјата на народот и да биде мирно предадена власта на победничката коалиција „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а чиј дел е и Македонски концепт, пишува меѓу другото во првичната реакција на Македонски концепт по вчерашниот ден од првиот круг од претседателските избори.

Објавено на

часот

Сподели

Партијата Македонски Концепт смета дека водството на кандидатката за претседателка, Гордана Сиљановска Давкова е резултат на „нашите политики за обединување на опозицијата, нешто што го депласираше и детронизираше ДУИ и нивните СДС измеќари, а со цел уште поголема победа во вториот круг на 8ми Мај“, велат од Македонски концепт.

„Повикуваме на уште поголемо обединување и окрупнување на коалицијата ‘Твоја Македонија’ со останатите добронамерни политички партии и нивните членови и симпатизери, чии водства се платеници на ДУИ, но нивните поддржувачи се искрени Македонци и искрено се радуваат на оваа голема македонска победа“, велат од партијата.

Македонски Концепт го реафирмира својот став за граѓански концепт на Уставот и ги повикува сите македонски граѓани, без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност, да се вклучат во активности на партијата и на 8 мај да дадат поддршка на коалицијата „Твоја Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ