За МДК.мк Ристановски, премрзнат откако излезе од водата изјави дека било страшно толку многу време да се мине во вода.
„Страшно беше. Чамецот ни се преврте неколку пати. Беше навистина страшно“, вели тој.
Двете момчиња кои успеаја да се спасат од водите излегоа премрзнати и контактибилни, а беа пречекани од екипи на Итната медицинска помош. Со хеликоптер на МВР беа преземени од и пренесени до возилата на Брзата помош по што беа пренесени во болницата во Гостивар.
Дека се заглавени во водите на Мавровското Езеро пријави нивниот другар кој заедно со нив бил дојден во Маврово. Двете момчиња изнајмиле кајак за да пловат по езерото, но наместо спомени на среќа, им се случи страшна борба за да опстанат во превртениот кајак, со силени ветер и студената вода.
Хеликоптерот на САЕ Тигар кој беше ангажиран за да ги извлече, не успеа да ги спаси, туку се спасија сами, со помош на водните струи и ветерот кој дувал во правец кон брегот. Никој од надлежните немал чамец за да може да се влезе во водата и да се извлечат момчињата.
По акцијата на која сведок беше екипата на МКД.мк од Центарот за управување со кризи соопштија дека двете лица од превртениот чамец успеаја да го превртат чамецот и да го вратат во нормална позиција, по што се извлекле и се пренесуваат во болница.
Фото: Александар Дамовски