Дел од српските медиуми пишуваат дека студентите блокираат триесетина факултети, но тешко е да се утврди точниот број.
Синоќа на Радио-телевизија Србија, водителката на Дневникот 2 кажа дека организаторите на студентските протести се платени. Ова тврдење го темели на снимка „која се појавила на социјалните мрежи“.
„Претседателот (на Србија Александар) Вучиќ, одговарајќи на новинарски прашања, го коментираше протестот на студентите и снимката која се појави на социјалните мрежи, на која млади луѓе жестоко се расправаат, па дури и физички се пресметуваат околу делењето на парите кои ги добиваат за организацијата на протестите. Претседателот на државата ги повика младите да не го прават тоа“, кажа водителката Ивана Ристовски.
Neka ostane upamćeno da su urednici večerašnjeg dnevnika, koji su studente nazvali plaćenicima, bili: Dušan Ubović i Bojana Mlađenović pic.twitter.com/LApFNkcSqG
— xciter (@xciter79) December 5, 2024
Српскиот претседател Вучиќ претходно преку социјалните мрежи го даде истото тврдење.
„Ги повикувам овие девојки и момци кои се тепаат околу тие пари за мое уривање. Тоа што им даваат малку пари однадвор, малку одвнатре за мене да ме уриваат. Немојте, деца, да се тепате околу тоа, дојдете да работите за својата земја. Ќе обезбедиме да заработите повеќе пари, чесно, на чесен начин и повторно да ѝ верувате на својата земја. Немојте да се тепате, да се шамарате, да се фаќате за гуша бидејќи некој сака да ја урнете својата земја. Дојдете, ние ќе помогнеме, ќе добиете чиста работа, добра работа, сериозна“, порача Вучиќ.