сабота, 27 јули 2024

Водител на руската државна телевизија: Пригожин го изгуби разумот поради големите суми пари

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата Франс прес оценува дека овој став го илустрира новиот наратив на руската влада за Вагнер по неодамнешниот неуспешен бунт.

„Пригожин го изгуби разумот поради големите суми пари“, изјави водителот Дмитриј Киселев за време на својата редовна емисија во неделата.

Киселев рече дека Пригожин има чувство дека сè му е дозволено уште од операциите на Вагнер во Сирија и во Африка.

Тој додаде дека ова чувство се засилило кај Пригожин кога неговите борци ги зазедоа украинските градови Соледар и Бахмут.

Мислеше дека може да им се спротивстави и на руското Министерство за одбрана, на државата и лично на претседателот (Владимир Путин)“, рече новинарот.

Киселев без да наведе докази рече дека Вагнер добил 858 милијарди рубљи (8,8 милијарди евра) општествени пари.

Еден од главните фактори на бунтот на групата Вагнер било одбивањето на руското министерство за одбрана да „ги продолжи доходните договори“ потпишани со кетеринг-групата Конкорд која е сопственост на Пригожин, рече новинарот.

Бунтот на групата минатата недела ги потресе руските власти среде војната во Украина. Платениците за неколку часа го зазедоа штабот на руската војска во Ростов на Дон и тргнаа кон Москва.

Бунтот заврши со договор за заминување на Пригожин во Белорусија. Не се најавени никакви казни против борците на групата, но неизвесна е иднината на бизнисите на Пригожин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ